Влатко Миладиноски отворено за фестивалите во Македонија

Please follow and like us:
Pin Share

“Има многу работи кои треба да се сменат во однос на фестивалите во Македонија.”-вели Влатко Миладиноски. Тој како најголем проблем за моменталната ситуација, го издвојува недоволниот медиумски простор за фестивалите.

Влатко Миладиноски отворено зборува за фестивалите кои се одржуваат во нашата земја. Тој како основен проблем за моменталната ситуација со фестивалите го посочува недоволниот медиумски простор.

-Па дека е идеално, не е идеално да бидеме малку искрени. Има многу работи кои јас би ги сменил, би ги направил поразлично. Прво мислам дека ги имаме многу. Во однос на медиумскиот простор, жално што еве конкретно овој фестивал “Гоце Фест” не се емитува во живо. Генерално јас би ставил акцент на медиумскиот простор за фестивалите. Кога би имало медиумски простор тогаш би можеле да зборуваме и за селекција на песни, на пејачи и пејачки, да излегуваат млади лица, сценографија и такви некои технички работи, меѓутоа основниот проблем е медиумскиот простор.-истакна Влатко при интервју за ИН ТВ.

Според Миладиноски, ако добрите фестивалски песни не се пласираат по медиумите, нема да допрат до народот.  Откако фестивалите ќе добијат поголема медиумска поддршка, потоа ќе може да се надополнат и техничките пропусти.  Во однос на поддршката и промоцијата генерално на македонската песна, Влатко вели дека ситуацијата лека полека се подобрува.

-Се жалевме доста време дека е лошо и навистина беше лошо медиумски незастапено, меѓутоа сега морам да се пофалам дека вие ИН ТВ и неколку други како вас кој повеќе кој помалку, би рекол дека има некое придвижување и мислам дека ќе оди на позитивно работата, дека ќе мрднеме од мртва точка па после кога ќе бидеме посилни може да размислуваме и да се случуваат поразлични и подобри работи, а дека беше лошо, беше навистина лошо. Нема никој да дојде и да ни даде пат да не подобри, значи мора сами да се трудиме да испливаме на површина со нови песни, снимање спотови, настапи, но сепак мислам дека сме на добар пат.-додаде Миладиноски.

Please follow and like us:
Pin Share