Младиот стружанец Методија со награда на “Гоце Фест”

Please follow and like us:
Pin Share

На само 15 годишна возраст, младиот Методија Столески од Струга, ќе остане најзабележан со настап на годинешното издание на “Гоце Фест”. Претходно Методија бележи бројни настапи но на детските фестивали

а ова е прев негов ваков настап на фестивал за возрасни. Методија со својот оформен и длабок глас ја отпеа песната “Песно наша” и буквално го собра целиот аплауз од публиката.

-Чувството беше прекрасно. Прв пат настапувам на овој фестивал. Добив многу голем аплауз. Се претставив со песната “Песно наша”, каде аранжамнот е на Цане Петров, а текстот од Огнен Неделковски, истакна Методија.

 

Со оглед на годините со кои настапува Методија на еден ваков фестивал, тој како што вели имал позитивна трема а чувството да се настапува на еден ваков фестивал за него било најголемо и позитивно.

-Немав трема, се разбира имав позитивна трема , која треба да се има. Ја освоив публиката, добив многу аплауз, како да кажам, им бев најмлад фан, вели Методија.

За прекрасниот настап и изведба на песната на “Гоце Фест”, Методија доби специјално признание од стручното жири.

 

Please follow and like us:
Pin Share