Нашинците со нетрпение очекуваат концерт на македонски изведувач. Пејачката Тања Јовановска вели дека македонците кои живеат надвор од земјава, се желни за македонска песна.

Македонците кои живеат во подалечните земји се желни за македонска песна. Тања Јовановска има голем број турнеи зад себе и вели дека македонците кои ги има насекаде низ светот со душа чекаат некој од нашите изведувачи да одржи концерт кај нив.
-Тие го чекаат тој момент кога некоја од нашите групи ќе отиде таму со некој македонски изведувач и со нетрпение го очекуваат концертот за да дојдат да бидат дел и да се вратат назад во својата родна земја барем на кратко.-истакна Тања.

Таа вели дека убаво е да се оди на турнеи бидејќи тогаш им се носи топлината од нашата земја на нашинците, а нивните среќни лица е тоа што го исполнува на секој пејач.
-Во Канада кога бевме имавме доста Егејци, така да доста барани беа егејските песни. Истотака имаше и Битолчани, “Битола мој роден крај” ја бараа и сите оние песни коишто се поврзани со Широк Сокак и со сите знаменитости на Битола. Така да нема некоја песна да кажам посебно таа песна, туку ги сакаат сите наши песни. Нема македонска песна кога ќе им ја запееш да не станат да играат.-додаде таа.

Тања минатата година оствари успешна турнеја во Канада, додавајќи дека на далечните патувања треба да се оди пред се, со добро одбрана екипа.
Инаку, пред крајот на минатата година и почетокот на 2018-та, Јовановска ја изненади јавноста со спот за нејзината прекрасна балада со наслов “Дишам за нас”. Спотот е во соработка со ИН Продукција.
