Северина имала настап во Црна Гора, а на самиот концерт на публиката и открила дека синот и е вратен. Имено, пејачката најавила дека песната „Родено мое“ ќе ја отпее весело, а потоа ја открила радосната вест.
„Не можам да ви кажам за што станува збор, но детето се врати дома. Фала ви на сите за поддршката. Со радост пееме“, рекла Севе.
Инаку, таа пред две години го загуби старателството над синот кој живееше со татко му Милан.
