ВИДЕО: Влезе во игра, па доби црвен картон за неполни 60 секунди

Please follow and like us:
Pin Share

Сент Џонстон не успеа да се пласира во групната фаза од Конференциската лига откако дома загуби со 0:2 од ЛАСК. На првиот меч, шкотскиот тим на гости одигра 1:1 и дома требаше да слави за да оди понатаму, но гостите први дадоа гол.

При резултат 0:1, во 75 минута во игра кај Сент Џонстон влезе Давид Вотерспун со цел да помогне на домаќините да израмнат. Сепак, нецела минута откако се најде на теренот, Вотерспун мораше да излезе поради добиенито директен црвен картон.

Играчот на домаќините со лакт намерно го удри Флоријан Фекер, а судијата воопшто не се двоумеше да му покаже директен црвен картон. Во продолжение на дуелот, Сент Џонстон остана и со уште еден играч помалку по црвениот картон на Шон Руни, па гостите тоа го искористија и постигнаа втор гол за радост на крајот и пласман во групната фаза од УЕФА натпреварувањето.

Please follow and like us:
Pin Share