СКАНДАЛ! На концертот на Горан Бреговиќ во Албанија фрлен солзавец

Please follow and like us:
Pin Share

Голем инцидент се случил вечерва за време на настапот на познатиот музичар Горан Бреговиќ во Корча, Албанија, пренесуваат албанските медиуми.

Бреговиќ настапи на фестивалот на пивото во Корча, но за време на неговиот настап бил фрлен солзавец што предизвикало паника во публиката и многумина одлучиле веднаш да го напуштат фестивалот. Во мешаницата што се направила, на едно лице му била укажана итна медицинска помош.

Откако се смирила ситуацијата, Бреговиќ го продолжил настапот.

Најавата дека Горан Бреговиќ ќе настапи во музичкиот дел на фестивалот на пивото во Корча, предизвика бурни реакции и негативни коментариво косвските медиуми. Одбојноста кон познатиот музичар е предизвикана од наводите дека „тој бил инспирација и идол на српската војска за време на војните во поранешна Југославија“. „Газета Експрес“ дури и наведе дека Бреговиќ признал дека се состанал со Радован Караџиќ, осуден за воени злосторства против човештвото во БиХ. Воедно, весникот наведува и дека Горан Бреговиќ во 2006 година станал почесен граѓанин на албанската престолнина и дека тогаш добил „клуч од Тирана“ од тогашниот градоначалник, Еди Рама.

Please follow and like us:
Pin Share