
Добро познатиот музичар и член на групата “Биоритам”, Цане Петров веќе шеста година е уметнички директор на реномираниот фестивал во Охрид, Охридски трубадури или Охрид фест. Неговата констатација во поглед на организациската поставеност при одржувањето на овој фестивал е дека секогаш може подобро.
-Колку и да биде добро секогаш може да се чепне уште нешто да се додаде. Цело време работиме на квалитетот. Сите знаат дека сцената на Охрид Фест е најубава во Македонија. Плус тоа Охрид Фест е инетрнационален фестивал со четири вечери. Има детска вечер, фолк, поп и интернационална вечер, каде што гостуваат многу светски ѕвезди на неа. Можам да кажам дека голем број звучни имиња продефилираа изминативе години на овој фестивал, вели Цане.
Како што додава Цане, секогаш се работи на внесување новитети во овој фестивал, се со една цел тој да биде рамо до рамо со останатите светски фестивали.
-Сега најпрво испадна дека малку го поместивме Охрид Фест од последниот викенд од август во првиот викенд во септември. Така да, сега малку е проблем со детскиот фестивал, затоа што веќе дечињата почнуваат да одат во училиште а обично на тој детски фестивал ни гостуваа од Србија, Бугарија, Црна Гора, така да сега ќе видиме како ќе биде со тоа. Што се однесува до народната и поп вечерта оваа година Охрид Фест прави 25 годишнина , значи ќе биде јубилеј така да сепак имаме некое изненадување кое не би сакал сеуште да го нагласувам, вели Цане.
Сепак, Цане најави гостување на познати ѕвезди кои досега не гостувале на овој фестивал
