“Мерак тајфа” со нов видео проект во пресрет на Велигденските празници

Please follow and like us:
Pin Share

Деновиве кавадаречката група “Мерак тајфа” снимија најнов видео проект во сроаботка со ИН продукција. На проектот се најдоа препеани македонски песни, меѓу кои дел подзаборавени песни, се со една цел тие да

бидат зачувани на посебен начин од нивна страна. Одлучивме овој материјал да го направиме во видео форма токму заедно со вас, истакнува Ранко Ѓорѓевиќ, член на групата.

-Тоа е доста актуелно во овие времиња и ние исто работиме како и многу наши колеги. Гледавме да биде тој материјал малку и во наши аранжмани, да биде послободно. Песните се од нашиот тиквешки крај . Снимивме и една убава песна од Охрид, староградска. Мислам дека со тие песни и нашите слушатели ќе бидат задоволни , затоа што не препознаваат по таков еден специфичен тиквешки стил на пеење,  вели Ранко додавајќи дека “Мерак тајфа” го негува токму тој правец.

 

Сепак, како што додаваат од оваа група, тоа не значи дека не ги пратат и помодерните музички правци, но секако се држат до она што е најповеќе барано од страна на публиката.  Пропратен дел од оваа “Мерак тајфа ” е и Живко Динев, кој е од Струмица и убаво е вклопен во бендоти е презадоволен од остварената соработка.

-Изборот на песните го правевме заедно , заеднички, меѓутоа сега решивме да правиме некоку тиквешки песни. Снимивме и една струмичка, да не заборавиме од Гоце Арнаудов “Мој граде”. Мислам дека направивме добар избор , што понатака не значи дека нема да снимаме песни од други краеви од Македонија, истакнува Живко.

Проектот се состои од околу десетина песни, кои се посебно одбрани и познати, со еден збор песни за душа.

Please follow and like us:
Pin Share