Поради потребите за снимањето на новиот спот, Џенифер Лопез ја промени бојата на косата. Таа драстично ја осветли својата коса по наговарање на Донатела Версаче, која е стилист за овој спот.

За жените важи правилото да ја менуваат бојата на косата тогаш, кога не се задоволни со својот живот. Сепак, дека секое правило има и исклучок покажа пејачката Џенифер Лопез која реши драстично да го смени имиџот, иако е емотивно исполнета.

Имено, латино дивата покажа на каква промена подлегнала за потребите на снимањето на спотот “Se Acabo el Amor”. Темната коса драстично ја осветлила, по наговарање на креаторката Донатела Версаче која имала улога на стилист за екранизација на овој спот.
Мислењата од нејзините фанови се поделени: Едни тврдат дека Џенифер најубаво изгледа со темна коса, додека други велат дека оваа промена ја освежила и дека изгледа беспрекорно со новата боја.

