Волино си доби свој препознатлив белег, гајдаџиското оро, “Волинска гајда”. Станува збор за најновото инструментално дело од Влатко Мелбурн Гајда. Македонец кој што долги години живее во Австралија, но ја негува исклучиво македонската традиционална музика.

Периодов во Македонија, престојува познат гајдаџија од Австралија, Влатко Мелбурн-Гајда. Краткиот престој во нашата земја, меѓудругото Влатко го искористи за снимање на ново инструментално дело.
Откако претходно, сними инструментална гајда која што ја посвети на родното место на татка си Сирула, овој пат тој промовираше ново музичко дело посветено на село Волино, од каде што потекнува неговата мајка.
Влатко деновиве гостуваше во студиото на ИН Продукција, каде што воедно и на промовираше “Волинска гајда”.
-Иако имав малку слободно време, сепак го искористив за снимање на нова инструменталка, орото го крстив “Волинска гајда”. За музиката и аранжманот се погрижи Златко Миладиноски, а снимено е во студиото на Љупчо Соколовски-Бубе. Се надевам дека ќе биде добро прифатено од јавноста тука во Македонија, исто и во Австралија каде што сега имаме доста работни ангажмани.-истакна Влатко, во интервјуто за ИН ТВ.

Инаку, Влатко е дел од Соната бенд од Мелбурн, а по враќањето во Австралија тој се враќа на тамошните ангажмани како што вели најчесто на свадбените прослави. Тие важат за едни од најбараните македонски бендови, а доказ е за тоа е и нивната агенда која што е исполнета до месец ноември следната година.
Во продолжение погледнете го видеото и уживајте со “Волинска гајда” !
