Во емисијата Магазин на Сител тие раскажаа поопширно како се запознале, како се подготвуваат за настапите, но и се присетија на емотивни, но интересни ситуации кои им се случиле на некој настап.
Се навратија на времето пред пандемијата кога биле гости во Словачка на 5ти јули по повод празникот Пристигнување на Св.Кирил и Методиј во Словачка.
– Бевме гости во чест на празникот во Терхова, Словачка, на празникот Св. Кирил и Методиј, бевме поканети од општина Терхова. Ние сме во волонтерскиот хор на црквата „Успение на пресвета Богородица“ од Струмица и така добивме покана.
Заедно да го чествуваме празникот, преку владиката на католичката црква Киро, се воспостави контакт и така излезе таа посета.
Ние направивме таму програма со македонски песни во хорска изведба и баш во репертоарот ни беше и „Болен ми лежи Миле Попјорданов“ и настапувме во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Терхова заедно со државната филхармонија на Словачка.
Ја изведуваме композицијата и напред седат свештени лица кои не го познаваат нашиот јазик. Колку имаше од свештените лица кои плачеа, па јас ги гледам тие се на 3 метри пред нас.
Се воздржувам и јас, погледот го пуштам на друго место. Колку ние имаме м оќна песна, па нив да ги побуди, да им ги пог оди емоциите, објаснува Ленче Кукиќ.