По Северина се огласи и Игор па замина со кумот во кафана: Се е кажано!

Please follow and like us:
Pin Share

Врската на Северина и Игор на почетокот беше како од бајките. Прекрасна свадба, многу љубов и разбирање, прекрасни дружења со семејството на Игор, чиј татко е Драган Којиќ – Ќеба, музичар и пејач, колега на Северина кој беше особено горд што хрватската пејачка е негова снаа.

Игор Којиќ беше покрај пејачката во нејзините најтешки моменти кога се бореше за старателството над нејзиниот син Александар, но очигледно љубовта не беше доволна.

По изјавата на Северина за Индекс.хр, се огласи и Игор.

– Се е кажано, благодарам за разбирањето, им рече Којиќ на новинарите на Слободна Далмација кои го повикаа за коментар.

Покрај тоа, Којиќ објави фотографија со својот кум Борис Џикановиќ на својот инстаграм – профил, а во описот на објавата стоеше

– Кум: Тоа е еден од начините на кои Бог се грижи за нас, напиша поранешниот сопруг на Северина.

Please follow and like us:
Pin Share