Елена Јовческа за првпат на “Роса Фест”

Please follow and like us:
Pin Share

За првпат на “Роса Фест” ќе се појави фолк пејачката Елена Јовческа. Таа најавува одлична песна, но и вистинско уживање за публиката бидејќи ќе се појави со нејзината позната гајда.

Елена Јовческа за првпат ќе настапи на реномираниот “Роса Фест”. Како што истакна таа при гостувањето во ИН Продукција, песната веќе е готова, а таа со нетрпение го очекува фестивалот. Во интервјуто за ИН ТВ, таа открива повеќе детали околу песната, но и настапот.

-Јас за првпат оваа година настапувам на Роса Фест и драго ми е што за првпат ќе бидам дел од целиот фестивал. Текстот за песната е мој, се вика Чорбаџија, а музиката и аранжманот се на Бобан Мојсовски. Мило ми е што направи убава песна и еве можам да откријам дека ќе свирам гајда, така да овојпат ќе се појавам со нешто поразлично и мислам дека песната е супер, но ќе оставиме публиката да си го каже своето.-истакна познатата фолк пејачка, за гледачите на ИН ТВ.

Како што знаеме, Јовческа постојано работи на нејзината музичка кариера и секогаш изненадува со нешто ново, нови песни и спотови. Таа е при крај со подготовките за нејзиниот петти албум по ред, на кој што ќе биде сместена и песната од “Роса Фест”. Овој албум, како што вели таа, ќе има најголем број песни досега и ќе биде составен од двд и аудио цд.

 

Please follow and like us:
Pin Share