По 8-ми пат “Македонски Фестивал на храната” во Мелбурн, Австралија

Please follow and like us:
Pin Share

И по осум години, првиот македонски фестивал на храната со нетрпение се очекува и пробудува се поголем интерес не само кај Македонците, туку и кај другите нации во Австралија кои секогаш со задоволство ги посетуваат штандовите со вкусна македонска храна.

На едно место се собираат илјадници посетители кои се обземени од убавото чувство дека на еден интересн начин се прославува македонската култура, традиција и фолклор. Оваа година ќе има голем избор на македонски традиционални јадења, па посетителите ќе имаат можност да уживаат во вкусот на: тавче гравче, сарма, бурек, мекици, индијанки, еклери, тулумби и други специјалитети кои што се препознатливи за Македонците од сите краеви на Македонија.


Голем број на културно уметнички друштва од Мелбурн и Сиднеј ќе настапат со македонски ора и песни, што ќе претставува посебно доживување за публиката. Со оглед на тоа што е фестивал на македонска храна, оваа година ќе има демонстрација на правење мазник и многу други “слатки изненадувања”. Нема да изостанат ниту спортските активности од страна на фудбалските клубови, Алтона Меџик, Keilor Wolves, Престон Македонија.

Неколку штандови ќе презентираат македонски народни носии од разни делови на Македонија, а ќе биде изложена и македонска литература за деца и возрасни.

Присутните гости ќе ги забавува пејачката Маријана Новаческа.

Македонското фолклорно богатство кое ги вклучува македонските ора, песни, традиционални носии кои за првпат се појавиле во 15 век, се препознатлив белег и ден денес се користат за промоција на македонската култура во светот. Неспорна е и убавината на македонското девојче во традиционална носија и вештината со која пеат и изведуваат македонски ора, го учат македонскиот јазик и ја чуваат традицијата. Македонското минато е опеано и се рефлектира во народните песни, иконостасите, црквите, манастирите, архитектурата во фолклорот кој доаѓа од душата на народот, оплакувано, воздигнувано во везот на македонската жена – везилка, во силните стихови на нашите поети – борци за национална слобода и културен развој на Македонија. Сето тоа денес, е една непроценлива нишка, непресушен извор од кого и ден денес црпат инспирација за своите дела.

Please follow and like us:
Pin Share