
Познатиот фолкер Ташко Каранфиловски покрај неговите бројни ангажмани кои ги има оваа годиниа, тој на големо се подготвува и за својот свадбен ден. Како што откри при разговорот во гостувањето во ИН продукција, течат и сите потребни подготовки за неговиот свадбен ден заедно со својата избраничка Мартина. Свадбата ќе биде во месец мај,а повеќе за деталите открива Ташко.
-Веќе деновите и месеците си поминуваат околу тоа. Свадбата е на 18-ти мај, ќе имам доста гости од дијаспората, од естрадата, од мојот роден крај, роднини, пријатели, каде што и вашата продукција ќе биде присутна на свадбата. Па ете сега малку да одморам, веќе с наближува денот и мораме околу подготовките да ги решиме тие работи. Мислев дека е многу едноставно, дека ќе помине се така ама е доста сложено сето тоа, истанува Ташко.
Секако свадбената свеченост нема да помине без препознатливата песна од Ташко “До сто и една”, која како што напоменува е омиена песна на бендот кој ќе сввири на свадбата од Ташко. Оваа песна посебно се издвојува од Ташко, која го прави и препознатлив пред публиката.