Дали Гоце-Балада ќе отпее народна песна?!

Please follow and like us:
Pin Share

Познат е по своите балади по кои го има добиено и својот прекар, Гоце Илиеска Балада и најдобро се пронаоѓа во забавните песни кои најповеќе му лежат. Неодамна Гоце го реализираше и својот вотр спот за втората нова песна “Тоа остана”, заедно со ИН продукција, но на прашањето дали би отпеал и народна песна Гоце со одговор:

-Тоа е знак прашалник. Ако зборуваме за некоја естетска народна музика да, иако во однос на моите дела имам околу дваесеттина народни песни, меѓутоа тие планирам да ги подарам на некој од народните пејачи. Значи не станува збор за формални народни песни, туку станува збор за песни кои што автоматски се карактеризираат со вистински народен звук, а на нив имаме квалитетен текст во фигуративна смисла, истакнува Гоце –Балада.

Притоа според оценката на Гоце, во последно се појавуваат гоем број текстови во народната музика кои почесто не одговараат на динамиката на самата песна. Како што вели и самиот, тоа е како една бледа верзија во однос на тоа што се пушта во етер. Гоце додава дека се повеќе се пројавуваат колеги за заедничка соработка, при што песните кои ги има и се речиси готови ќе ги подари.

Во периодов кој следува најавува и нови песни.

Please follow and like us:
Pin Share