Течат последните подготовки околу нивната голема асвтралиска турнеја

Please follow and like us:
Pin Share

Големите македонски музички имиња Влатко Миладиноски, Златко Миладиноски и Дамјан Стојаноски полека ги привршуваат своите подготовки околу престојната голема австралиска турнеја. Тие секако подготвуваат нов, музички материјал со кој ќе се претстават пред македонската дијаспора во оваа далечна земја.

-Се спремаат и се надевам дека до нашето заминување ќе имам неколку нови песни. Едната е при крај а другите треба да се почнат кај и да е, така да ќе има и нешто ново со што ќе се претставам на нашите таму, вели Дамјан.

Големата асвтралиска турнеја на овие врвни музички имиња ќе треае околу еден месец, за Велигденските празници, а дел од најавените концерти се веќе резервирани.

-Засега според заинтересираноста очекуваме дека ќе биде навистина убаво и дека сите наши настапи ќе бидат посетени во голем број и дека убаво ќе си поминеме, истакнува Дамјан.

Неодамна Дамјан беше дел од јубилејниот проект кој го реализираа “Бумбари бенд” по повод 25 години од нивната музичка кариера.

Please follow and like us:
Pin Share