
Спасен Силјаноски во гостувањето на ИН продукција отворено проговори за одбивањето на неговата нова песна на годинешното издание на “Гоце фест”. Сепак како што вели, не жали за тоа туку напротив песната има многу голема посетеност и слушаност по објавата на социјалните мрежи.
-Песната беше наменета за сега веќе поминатиот “Гоце фест” и беше уредно примена, но после неколку дена ми беше јавено дека песната ќе се одбие со причина текстот. Ми беше кажано да го променам текстот за да песната биде примена и за да се емитува на фестивалот. На кој му смета и зошто му смета текстот, јас неможам да навлегувам толку. Стојам цврсто на мојот став и на моите идеи. Текстот не го променив, песната ја снимав и ја објавив на социјалните мрежи и допре до многу слушатели. Слушателите исто така реагираа зошто песната беше вратена на некој начин, но без разлика јас секогаш го кажувам тоа дека фестивалите се навистина добри, можеби во минатото биле уште подобри но во последно време тоа не е многу битно, бидејќи она што е добро секогаш допира до увото на слушателите ,истакнува Спасен.
Како што истакнува Спасен помеѓу другото, неговата цел била тоа што го чувствувал и сакал да го каже, да биде преку песната. Причината поради која песната “Судбина тешка” била одбиена на фестивалот бил текстот кој се опева во песната, а по некоја случајност се совпаѓа со моменталната ситуација во нашата земја. Спасен посебно е горд што песната допре до многу луѓе и слушатели каде за недела дена добила преку педесет илјади посети на слушаност.
Ова нема да биде никаква пречка за Спасен, туку напротив како што вели нема да застане тука и ќе продолжи и понатака со песни кои ги чувствува и сака да ги пее.