
Кога е дома најчесто свири, знае да каже сопругата на Ѓоко Јовиќ, Ивана. Сепак таа додава дека наоѓа и време за да прошетаат заедно.
-Кога е дома најчесто свири и сите околу него пеат, ама наоѓа време и да прошетаме заедно. Одиме на шопинг. Се трудиме така да искрено тоа е нашиот секојдневен живот. Се будиме. Ивана ќе направи кафе, ќе пиеме кафе, ќе доручкиваме. Потоа следува моментот, одам на клавир, пеам малку со дечињата, некогаш и сам, тоа е секојдневно. Првото слободно време после тоа пеење што ќе испееме сите заедно одиме нашопинг, па ручек или било каде, се случува тоа доста пати, појаснуваат во заедничката изјава сопружниците Ивана и Ѓоко Јовиќ.
Како најубаво поминато заедничко време Ивана посебно го издвојува кафето, доручекот, ручекот и шопингот. Посебно како што напоменуваат ваквите моменти се бесценети во едно комплетно семејство, со оглед на фактот што Ѓоко е често со преголеми работни ангажмани. Така е и во периодов каде заедно со “Енерџи бенд” престојуваат во Австралија на своја турнеја со бројни настапи.
Претходно Ѓоко беше доста продуктивен, при што сними два видео записи за песните “За Велигден” и “Стојне на чорбаџи Стојана” во соработка со ИН продукција.