Публиката ќе ја даде оценката за нашиот прв спот, велат од “Стил бенд”

Please follow and like us:
Pin Share

Неодамна го снимија и промовираа нивниот прв спот за песната “Стојнето” а  се презадоволни од тоа како испадна целиот проект. Струшкиот “Стил бенд” најавуваат и понатаму доста работа на музички план, како и бројни настапи каде што се најповеќе барани во охридско струшкиот крај. Нивните очекувања од новиот видео запис се големи, но оставаат последниот збор да го каже нивната публика и нивните фанови.

-Ние како бенд, оставаме времето да покаже како ќе биде песната. Ние сме презадоволни и од аранжман, музика и од вашата продукција и од видео спотот, затоа ќе оставиме времето да ги даде резултатите, истакнува Дуле, вокал на групата.

По бројните настапи кои “Стил бенд” ги имаше пред и по новогодишните празници, во следниот период момците од бендот велат дека е малку потребен одмор, а потоа од пролетните месеци ќе отпочнат повторно бројните обврски кои ги очекуваат со настапи на низа свадби и свечености.

Please follow and like us:
Pin Share