Сексапил во секоја нејзина појава

Please follow and like us:
Pin Share

По промоцијата на нејзиниот нов спот за српскиот пазар со песната “Намазана” Сузана Гавазова се стегна во теретана. Иако во спотот Сузе изгледа беспрекорно. Витката линија која ја има, сексапилот кој зрачи од неа и сето она што само таа знае најдобро да го одглуми кога е во прашање снимање на спот, како да не беа доволни за таа повторно да појде во фитнес клуб.

Овојпат таа објави и фотографии од тоа како вежба и како изгледа во спортска , затегната опрема, хеланки и кратка блуза. Мора да признаеме дека има беспрекорна линија на своето тело, како и добро нагласени атрибути кои одлично и прилегаат на нејзината фигура. Објавените фотографии на нејзиниот фејсбук профил добија преголем број лајкови и секако не изостанаа ниту коментарите од нејзините фанови и обожаватели, од типот дека  изгледа премногу секси.

Слично беше и со нејзиниот спот за “Намазана” каде едни и порачаа дека никогаш досега не била посекси, додека пак други дека е подобро да си тера кариера во Македонија. Секако, Сузе во ниеден случај не ја изоставува својата родна Македонија, која најавува нови македонски песни за велигденските празници.

Please follow and like us:
Pin Share