Ташко-Ресен има бројни староградски песни а за тоа се доказ “Распеани ресенчани”

Please follow and like us:
Pin Share

Сакам да творам и да пејам додека сум жив бидејќи музиката е таа што ме исполнува, истакнува младиот Ташко Каранфиловски кој по минатогодишното издание на новиот албум, најавува и понатака нови песни. Со оглед на тоа што Ташко потекнува од преспанскиот регион, тој истакнува дека има доста староградска преспанска песна која се пеела во минатото а денес е малку подзаборавена.

-Секако дека да. Распеани ресенчани беа еден голем белег на Ресен. Ги знаат и старо и младо и тие ќе живеат уште многу години се додека живее музиката, бидејќи направија премногу убави песни, како што е “Пара бери киселец”, “Три години болен лежам”, песни кои “Распеани ресенчани ” ги оставиле и ќе живеат уште многу години, истакнува Ташко.

Како што дополнува Ташко веќе е на идеја да препее една таква староградска песна и да ја донесе во понов аранжман.

-Да “Сношти минав крај рајската градина ” ја имав и на првиот албум . “Пролет дојде и пиленце”, таа е песна на “Распеани ресенчани ” и сакам во иднина доколку сум во можност да направам заедно со групата “Персиди” да ги препееме тие песни за да оживеат уште повеќе, истакнува Ташко.

Во најскоро време Ташко ќе снима и нова дуетска песна со Мартина од Шведска, како што впрочем самиот најави при неговото гостување во ИН продукција.

Please follow and like us:
Pin Share