Музеј ја тргна восочната фигура на Мајкл Џексон заради поплаки од родителите

Please follow and like us:
Pin Share

Најстариот трговски центар во Данска ја отстрани восочната фигура на Мајкл Џексон од страв дека може да биде навредлива за купувачите или да биде оштетена заради обвинувањата кон Џексон за злоставување деца.

Директорката на маркетинг центарот Редовр, Шарлот Андерсен, трговски центар кој се наоѓа во предградието на Копенхаген, изјави за данската телевизија ТВ 2 дека добиле петнаесетина поплаки од семејства со деца заради фигурата на Џексон.

Центарот најави организирање на изложба на восочни светски ѕвезди, вклучувајќи и на Мерлин Монро и Џулија Робертс за време на неделниот зимски школски распуст во Данска кој почна денес.

Восочната фигура на Џексон е заменета со фигура на Бред Пит.

Трговскиот центар на 75.500 квадратни метри е прв центар отворен во Данска во 1966.година.

Please follow and like us:
Pin Share