Марјан раскажува за средбата со Тонг и заедничката изведба на “Ти, само ти”

Please follow and like us:
Pin Share

Македонскиот фолкер Марјан Коцев можеби најповеќе ќе ја памети неодамнешната австралиска турнеја по тоа што го пронајде неговиот најголем фан.

Станува збор за Тонг кој работи во ресторан во Сиднеј и е голем обожавател на Марјан и одлично знае да го пее неговиот најголем хит, песната “Ти, само ти”. За тоа како Марјан се сретнал токму со него и како реагирал кога го погледнал видеото ни раскажува и самиот Марјан, како преку порака од негов колега бил известен за сето тоа.

-Одам по ходникот , го гледам видеото гледам човек непознат, претпоставив дека е некаде од Азија, го пее рефренот. Третиот пат кога го слушннав рефренот така слатко се изнасмеав во холот , побрзав да не ме видат во холот на аеродромот, бидејќи имаше многу народ. Слатко се изнасмеав па го гледав повторно и повторно. Му се јавив на Гоце да прашам кој е дечкото, па ми кажа дека е главен шеф во ресторанот, објаснува Марјан.

По кратко време Марјан заедно со тамошните колеги направил напори да го запознае Тонг.

-Последната вечер во Сиднеј се договоривме со газда Или и со Гоце и работата беше да одам таму да го изненадиме, но не беше на работа. Го вративме да дојде и да го изненадиме. Гоце му кажал дека пејачот на таа песна е тука. Кога дојде само што ме виде кажа “не е можно”и почна да се трга наназад. Се поздравивме и одма направивме едно клипче. Не му се веруваше дека ќе дојдам во ресторанот. Направивме убава седенка , пеевме, свиревме , па кога дојде тој атмосферата беше загреана и на сето тоа шлаг беше видеото што го направивме кое за некои два саати имаше голема гледаност, вели Марјан.

Веднаш по објавата на видеото и рекордната негова посетеност, кај Марјан веќе отпочнале и поканите за интервју штом се врати во Македонија. Тонг ,песната од Марјан Коцев ја научил сосема случајно, бидејќи од сите песни кои се пуштале во ресторанот, токму оваа песна најмногу му се допаднала па затоа го научил рефренот. Притоа Марјан додава и тоа дека кога човек од друга нација пее македонска песна е нешто невообичаено но нему му е особено мило.

Please follow and like us:
Pin Share