Хуманитарен концерт за помош на Момо Николоски

Please follow and like us:
Pin Share

“Узун за Момо” е насловен хуманитарниот концерт кој во соработка со Црвен крст на град Скопје ќе се одржи на 17-ти февруари во недела со почеток во 18 часот во салата на хуманитарниот дом Даре Џамбаз.

-Оваа година концертот го посветуваме на нашиот колега Момо Николовски кому му се потребни финансиски средства од 20 до 25 000 евра за лекување во странство. Влезот е бесплатен но во салата ќе биде изложена кутија за донација од Црвен крст . на концертот ќе учевствуваат учениците и долгогодишни пријатели на Узун, Уни бенд од Валандово, Јасмина Гуњова, Кирил Узунов, Горан Симевски и Кристија Демјански придружувани од маестро Бранко Коловски и ова е покана до сите колеги од македонската естрада доколку се во можност да учествуваат на концертот и секако за водителството е задолжена нашата докажано верна пријателка Катерија Стојановска Дескова. Доколку некој сака да донира средства а неможе да присуствува на концертот ова се телефонските броеви за донации 143 462 ВИП и 143 123 Т мобиле, велат од организацијата на овој хуманитарен настан.

Организатор на овој хуманитарен настан е сопругата на легендарниот поп и фолк музичар, Јанко Узунов , кој ненадејно почина во 2014-та година  Жаклина Узунова.

Please follow and like us:
Pin Share