
По период од цели шест години, најзвучните фолк имиња од македонската естрада Влатко Миладиноски,
неговиот брат Златко Миладиноски како и братучедот Дамјан Стојаноски веќе на големо ја најавуваат својата австралиска турнеја. Како што истакнува Влатко при гостувањето во ИН продукција, тој сеуште го памети првиот момент, односно првата турнеја во оваа далечна земја кога таму отишол заедно со својот вујко и прилично на многу млади години.
-Ја паметам првата турнеја кога бевме јас, Златко и нашиот вујко на нашата прва турнеја, тоа беше нешто посебно, па сега се надеваме дека нешто слично ќе ни се случи. Сега сме со Златко и со Дамјан, па ние одиме со добра мисла, има убави рекации и очекувања од тоа патување па да сме живи и здрави, додава Влатко.
Помеѓу другото тој истакнува и тоа дека сега е можеби најпогодниот момент и период за токму овие тројца исклучително врвни музичари од нашата земја, да отидат во далечната Австралија. Со оглед на тоа што имаат и што да понудат пред македонците од оваа прекуокеанска земја, мора да се каже дека сето тоа ќе биде едно преубаво и незаборавно дружење.
-Секако ќе презентираме убави македонски песни и песни од нашата фамилија, што ги испеале нашите вујковци, нашиот братучед. Тие песни секако и кога не бил Дамјан ми бараат негови песни, било кој и да е не поврзуваат и ни бараат песни а ние со задоволство ги пееме, било кој да ја пее песната, истакнува Влатко.
Со преголемиот репертоар на македонски песни кои длабоко допираат до срцата на секој македонец, било тоа да е отпеано од Влатко или пак од Дамјан, слободно можеме да кажеме дека оваа голема турнеја ќе остане длабоко во сеќавањата на македонците во далечната Австралија.