
Фолкерот од Ресен Ташко Каранфиловски веќе подготвува нова дуетска песна но не со некој од познатите
македонски имиња, туку со како што вели млад женски вокал од Шведска. Нивната средба излегла сосема случајно при бројните настапи и гостувања на Ташко во Гетеборг. Повеќе детали околу тоа открива тој самиот при гостувањето во ИН продукција.
-Спремам сега една нова песна во дует со една моја пријателка, од Шведска од Хелсинборг. Мартина се вика. Тематиката е многу добра. Ја прави Борче Нечовски. Се надевам дека ќе биде нешто многу добро, вели Ташко.
За тоа како Мартина постанала забележана од страна на Ташко тој додава дека неколкупати кога ја слушнал му се допаднало нејзиното пеење.
-Има прекрасен глас. Оа што ќе го отпее е навистина отпеано. Сакав ете така малку да сменам малку да имам и со неа песна, не дека не сакам и со други, но ќе има прилика ќе слушнат и гледачите и друг дует со друга колешка од естрадата, но тоа ќе биде понатаму, вели Ташко.
За периодов кој следува Ташко најавува и многу други соло песни , особено во летниот период, а пред летниот период според неговите планови треба да се реализира дуетската песна со Мартина.