
Годинашната претставничка на Евровизија, Тамара Тодевска гостуваше на интервју за босанската телевизија Н1. Таа изјави дека во тек се подготовките на композициите.
На прашањето на водителот дали таа ќе биде првата претставничка на Северна Македонија на Евровизија, таа одговори дека тоа воопшто не е важно.
-Дали ќе бидеме ФИРОМ или Северна Македонија воопшто не е важно, ние ќе бидеме Македонци таму и не е важно кое име ќе го носиме, мене ми е важно да бидеме забележани и да се зборува за нас – раскажа Тамара за Н1 телевизија.