
Актерот Љупчо Бојковски кој е доста познат по бројните актерски изведби во македонскиот театар а
најповеќе се јавува во македонските народни приказни, има и друг работен ангажман во македонското радио. Имено тој преку етерот на овој медиум постојано ја промовира и пласира македонската песна надвор од границите на нашата земја.
-Македонското радио долги години постои програмата за нашите во светот. Порано се викаше “Радио Билјана” сега се вика “Глас на татковината”. Таму сум неколку години уредник на таа програма и секако непосреден учесник што значи водител, новинар и тн. Таа е наменета, специјализирана и посветена на нашите во светот. Како што знам и Вашава емисија , како што сте нагажирани со нашите во светот, така и ние во радиото тоа го чиниме и правиме со децении. Ширум светот нашинците знаат дека постоиме и дека не слушаат , некогаш и со интерактивна игра со разговори , но пред се македонската песна да допре до нашинците тоа ги држи и одржува, истакнува актерот Љупчо.
Неодамна дел од познатата актерска група која е многу добро позната од македонските народни приказни се најдоа со посебна улога во најновиот видео запис од Ѓоко Јовиќ за песната “Сројне на чорбаџи Стојана”, каде одлично си ги одглумија своите улоги.