Јовиќ: Како што ги сакам моите дечиња така го сакам секој жанр музика

Please follow and like us:
Pin Share

Неблагодарно е да кажувам кој жанр на музика ми лежи повеќе, а и навистина не можам да кажам точно, вели познатиот македонски пејач Ѓоко Јовиќ, запрашан што повеќе сака да пее и кој стил на музика повеќе му лежи.

-Мене ми лежи секој жанр на музика. Тоа е исто како од моите три дечиња да ме прашате кое повеќе го сакам, така да би рекол дека сите дечиња си ги сакам подеднакво и секој жанр на музика си го саам исто, но македонското најмногу, одговара Ѓоко.

По неодамнешната промоција на неговиот нов албум насловен “Корени”, Ѓоко најавува снимање и на нови видео записи. Од најновиот видео залбум тој има два нови видео записи за песните “Корени ” и “1001 ноќ”, кои ги изработи во Австралија. Во периодов кој следува работниот ангажман на Ѓоко е целосно исполнет со бројни настапи.

-Работно ангажирани летниот период, па до крајот на ноември слободно можам да кажам дека викенд слободен немаме. Мај месец и можеби секој ни е зафатен. Првото слободно време го трошиме на нашите дома и снимаме спотови, нов материјал и нови песни, вели Ѓоко.

Ѓоко неодамна имаше промоција на својот нов албум а најави и нова австралиска турнеја за следната година.

Please follow and like us:
Pin Share