Спасен: Сам се гледам како конкуренција

Please follow and like us:
Pin Share

По минатогодишниот голем хит кој го отпеа на Лешочкиот фолк фест, Спасен Силјаноски најавува и годинешен настап на овој фестивал. Како што вели поканата од организаторот за него стои , се очекува само неговото учевство и добра нова песна.

-Баш пред неколку недели се сретнав со директорите на лешочкиот фестивал, со Сузана Спасовска и Борче Бразанов и веќе од сега ме поканија. Местото ми стои и ме очекуваат, но морам да видам како ќе бидам со обврски тогаш. Треба да имам песна. Не сакам да настапам со песна колку да настапам. Некогаш е подобро да не се настапи отколку да се настапи со нешто неквалитетно. Можеби сакајќи да добиеш на маркетинг и популарност, се добива некој контра ефект, доколку излезеш со неквалитетна песна,вели Спасен.

Како што истакнува Спасен, сам се гледа како конкуренција на тој начин што секогаш гледа да биде подобар од претходниот пат.

-На почеток кога прв пат ја испеав “На свадба ме канат”, дури владееше некој страв во мене. Песната беше толку слушана и голем хит, буквално низ цела Македонија и во дијаспората , без разлика на стиловите на поднебјето. Таа песна се прифати секаде. Бев уплашен , сметав дека ова е врвот, не ќе можам да создадам нешто што ќе можам да го надминам. Но ете после тоа излезе “Мајка сина прашува”, и таа надмина со популарност и многу други после неа. Сметам дека сум сеуште инвентивен и можам да смислам нешто што ќе и се допадне на публиката, додава Спасен.

Спасен не го крие податокот дека во голема мера како автор на неговите текстови се јавува неговата мајка Јагода и самиот тој, кој во последно време го истакнува и музичкиот дел од песната. Со еден збор добро проверен и познат тим, мајка и син кои одлично се надополнуваат и знаат еден со друг кој колку може да даде и создаде трајна вредност во музиката.

Please follow and like us:
Pin Share