Фантастико бенд во студиото на ИН продукција го снимија нивниот прв видео проект. Станува збор за преработка на познати македонски народни хитови.
Прв видео проект снимија Фантастико бенд, во студиото на ИН Продукција. Како што велат од бендот, проектот се состои од познати македонски народни песни.
-Има три песни македонски народни и два сплетови истотака со народни хитови. Тука спаѓаат “Железар”, “Денес свадба правам јас”, “Тинке Катинке” итн.-истакна Орданчо Најдов, гитарист.
Тие се надеваат дека нивниот проект ќе биде добро прифатен и дека јавноста ќе го препознае нивниот квалитет.
-Со оглед на тоа што ова е нашиот прв видео проект, сакаме јавноста да не види и запознае, а со тоа да дознаат дека навистина работиме.-додава тој.
Бендот постои скоро две години на македонската естрада, а се состои од шест искусни музичари кои потекнуваат од Кавадарци и Неготино.