
Фолкерката Татијана Стефановска на музички план малку одмара. Како што истакнува самата, со почетокот на сезонта на многу забави, нејзините работни ангажмани се постојани.
-Започна сезоната на забави. Во минатиот период снимив многу песни така да уште за една, две немам видео запис, веројатно тоа ќе се изработува и престојат нови договори за турнеи, кој што можеби ќе ги кажеме. Засега е тоа. Не чека доста работа летниот период , можеби и нови фотосесии, видео записи и тоа, вели Татијана.
Изминатиов период Татијана беше со свој работен ангажман на свадба во соседството, каде што има доста позитивни впечатоци.

-Тоа беше свадба со едни мои колеги од Ресен. Дел од нив беа по потекло од Корча, македонци кои што живеат таму. Истите песни ги оптеав и таму. Повеќе пати ме прашуваа луѓето кога гостувам на некои такви места, каква музика бараат? Каква музика бараат, дали албанска, не тие се наши македонци, луѓе кои што живеат таму, кој што останале од поодамна таму со фамилијата и си створиле нивни фамилии. Веќе децата им се женат им се мажат. Чест ми е што ме викнаа на таа свадба. Многу пријатно се чувствував, се пееше само македонски песни, вели Татијана.
Таа додава и тоа дека токму тие македонци во овој дел од Албанија, останале верни на традицијата и ги продолжуват своите корени и понатака. За периодов кој следува Татијана покрај бројните работни нагажмани, најавува и снимање на нови видео записи.
