
При нивните најнови материјали кои ги снимаа неодамна момците од “Универзал бенд” се пофалија дека беа на кратка турнеја во Швајцарија. Поминале одлично, како во поглед на настапите, така и во поглед на прифатеноста од тамошната публика.
-Да, бевме Швајцарија. Амед беше претходно три месеци, јас бев само месец и половина. Таа турнеја беше прекрасна, неможам да опишам. Голема благодарност до самиот клуб “Фајв стар”, како и до газдата. Ние со Амед сме презадоволни од поминот во Швајцарија, истакнува Алмир, вокал на бендот.

Нивниот музички репертоар таму бил шаренолик, како што додава Алмир се барало се.
-Таму каде што снимавме ние се бараше се и мило ми е што излеговме во пресрет на публиката, вели Алмир.
“Универзал бенд” неодамна во соработка со ИН продукција снимија два нови видео записи. Се работи за песната “Љубов или навика” која е нивна авторска и инструменталното “Закон чочек”. Од бендот очекуваат овие новитети да бидат позитивно прифатени од публиката.
