
Како групакоја не е имуна на добра музика, групата Чардак на неодамна одржаниот јубилеен концерт, покажа дека знае и умее да отсвири буквално се. Свириме се и сешто и тоа беше добар повод да го покажеме пред нашата публика, вели Златко хармоникаш на групата. Од оваа охридска група најавуваа бројни работни ангажмани, со оглед на се поголемата бараност од страна на публиката.
-Сега веќе почна сезоната. Некои поголеми планови за нова песна немаме. По враќањето на нашиот Џевад од Австралија да ја завршиме сезонава со свадби па од на есен да продлжиме со создавање на нови песни. Група чардак нон стоп ќе работи, истакнува Златко.
Од Чардак најавуваат и почести концерти пред охридската публика, бидејќи како што вели Златко тоа им фали многу на охриѓани.