
ИН продукција како екслкузивен и медиумски покровител на долгонајавуваната австралиска турнеја на легендарниот Наум Петрески го имаше правото да го направи краткото интервју со грлото ненапеано, на
само неколку часа пред полетувањето од скопскиот аеродром. Возбудата беше преголема,емотивноста уште поголема, а исчекувањата да се видат со нашинците во далечната Австралија уште поголеми.
-Малку радосно, малку тажно. Ги оставивме децата дома, секојпат тие разделби се такви. Емотивноста сега преовладува, но сепак работа си е работа, истакна Наум.
-малку среќа, малку тага. Ајде да не гледаме така, сепак да ја гледаме ведрата страна на животот. Среќа што ќе се дружиме со нашите , со кој долго време не сме се виделе. Среќа што однапред се распродадени концертите. Така што тоа ни дава една доза на тоа дека е вистинско, дека треба да се оди и ја покрива онаа нишка на тага, која сепак малку преовладува, рече Зуица.
Радоста сепак ќе биде неизмерна кога ќе се враќаат назад, со најубави спомени кои ќе ги понесат од таму.
-Очекувањето е да имаме успешни концерти во смисла на музичкиот дел. Да бидат задоволни луѓето, да видиме насмевки на нивнте лица и тоа ќе биде одлично за нас. Да се вратиме со позитивни импресии, рече Зуица.
-Очекувањата се да исполниме се што ќе се побара од нас, се разбира во делот на македонската музика. Очекувам да ги видам сите мои пријатели и роднини, дури и од Нов Зеланд, ќе дојде еден мој стрико со фамилијата. Така да не се имаме видено одамна, така да се надеаме на најубав помин, истакна Наум.
Големото музичко име , грлото ненапеано Наум својата претходна австралиска турнеја ја бележи пред десет години, период кој е доста голем. Овојпат Наум е во придружба на својата сорпуга Зуица, вилинистот Џеват Рамаданоски, музичарот Илија Тотовски Тота, како и гавниот и одговорен уредник на ИН продукција од Охрид, Ване Петкоски, чија цел е целосно поркивање на сите настапи и концерти од овие музичари, како и нивно стримување во живо преку интернет.