Вера пее и одлично го зборува македонскиот јазик

Please follow and like us:
Pin Share

Македонка која речиси никогаш нема да ги заборави корените и покрај тоа што е родена во Австралија но и живее и работи таму. Младата Вера Трајкоска која неодамна беше гостинка во ИН продукција, преубаво го

зборува македонскиот јазик а приликата при нејзината посета ја искористи да ни открие доста интересни работи за дејствувањето на македонците преку заедницата во оваа далечна земја. Помеѓу другото Вера има и музичка кариера при што бележи бројни  фестивалски настапи како во Австралија така и во родната Македонија.

-Се трудам се повеќе да го зборувам македонскиот јазик. Јас сум многу влезена во македонската заедница во Австралија. Има скоро една година каде што сум дел од Светскиот македонски конгрес во Австралија. Со таа работа гледаме да ги зачуваме македонските песни, традиции во Австралија. Се гордеам на тоа да го зачуваме и затоа голем мерак и гордост сум со Светскиот македонски конгрес во Австралија, истакнува Вера.

 

Преку сите такви активности како што додава Вера, се обединуваат македонците кои ги има во голема мера во оваа прекуокеанска далечна земја, а со тоа се продолжуваат нивната блискост и соработка. Впрочем како што додава Вера, родена сум и порастена во Австралија но се чувствувам како македонка. Ние го бараме тоа, македонското, така што кога ни доаѓаат пејачи од Македонија, тоа за нас значи како да сме во Македонија, додава Вера.

Сепак како што истакнува сето тоа за нив  е од големо значење поради фактот што на едно место се обединуваат во поголем број македонци и ја споделуваат заедничката енергија но и понекогаш судбина која ги однела во оваа далечна земја на печалба.

Please follow and like us:
Pin Share