Снеже и Далибор блиски музички соработници со нови албуми

Please follow and like us:
Pin Share

Снеже Радичевска неодамна го објави својот прв музички албум на кој се најдоа вкупно девет песни, од која носечка е песната “На сред село чешма шарена”, за која Снеже изминатата годин сними и видео запис.

-Најново е мојот албум, првенец. Песната снимена од вашата продукција, тоа е најново. Задоволна сум од видео записот. Соодветно на текстот и самата музика, така е и спотот направен.

Како што истакнаа при гостувањето во ИН продукција, Снеже Радическа и Далибор Ѓошиќ, првиот албум од Снеже е во целосна реализација на Далибор, кој се јавува во повеќето песни како автор на музика и текст.

-Н албумот се девет песни , а 90% се на Далибор Ѓошиќ. На моја огромна радост , се со различен стил, претежно љубовни, од се по нешто. Ќе следат и други видео записи на некои од новите песни, најавува Снеже.

Со нјава на нов албум е и Далибор кој ќе биде втор по ред.

-Тоа е некој стандард што сите ние колегите гледаме да го имаме. Околу десетина песни ќе има на новиот албум, повеќе не, останатите би ги чувал за трет албум. Повторно нешто свежо за догодина. Мислам дека ќе бидат околу десетина песни од кои едната ќе биде застапена, а тоа е “Колку ли да платам”. Неа ќе ја чувам премиерно за спотот кој треба да се изработи за оваа песна. Ќе има доста брзи но и печалбарски песни, искрено наменски, додава Далибор.

Претходно, Далибор го има својот прв албум со препеани македонски песни “Ајде сонце зајде”. Со Снеже како двајца блиски музички соработници најавуваат снимање на нови песни, како и еден заеднички дует.

Please follow and like us:
Pin Share