“Дојди ми Љубице” е најновата песна на Ташко Каранфиловски

Please follow and like us:
Pin Share

Ташко Каранфиловски во студиото на ИН Продукција ја промовира неговата најнова песна “Дојди ми Љубице”. Покрај оваа песна, тој подготвува уште неколку кои ќе се најдат на неговиот втор албум.

Ташко Каранфиловски во емисијата “Промо” ја промовираше неговата најнова песна која носи наслов “Дојди ми Љубице”. Станува збор за една прекрасна љубовна песна со весел ритам, на којашто како комплетен автор се јавува Сашко Јанески.

-Најпрво да спомнам дека автор на оваа песна Сашко Јанески-Цаци од Ресен. Дојди ми Љубице е негова песна, заедно во соработка со Славко Ристески. Потоа Сашко има направено многу добра приказна во оваа песна и навистина се надевам дека ќе им се допадне на слушателите и гледачите.-истакна Каранфиловски.

Покрај оваа песна, Ташко во период од околу три месеци сними уште неколку нови песни кои ќе бидат наменети за неговиот втор албум којшто е во подготовка и треба да излезе за скоро време.

-Пред се, се работи за народни песни. Веќе имам неколку песни коишто се готови и треба да ги промовирам, а за нив треба да правиме и спотови. Денес ја промовирам песната Дојди ми Љубице, пред се таа ќе е една од песните на вториот албум кој досега требаше да биде излезен, меѓутоа од оправдани причини малку времето се оддолжи, но немора да значи дека тоа нема да биде во блиска иднина.-додава пејачот.

Како што открива Ташко, на неговиот втор албум ќе се најдат околу 9 песни, а една од нив ќе биде препеана стара песна од Тетовскиот крај.

Please follow and like us:
Pin Share