Следниот проект ќе биде поразличен од овој

Please follow and like us:
Pin Share

По неодамнешните два кавери кои ги реализираше од незаменливата Благица Павловска, младата прилепчанка Елена Јовческа во периодов кој следува најавува и нова песна.

-Најверојатно ќе има нешто ново меѓутоа сеуште не можам да одлучам што и како. Ќе има, се разбира ново нешто. Не оставам така да бидам бе нешто ново, постојано сакам да снимам и да сум со нови нешта кои што можам да се претставам. Имам уште еден проект кој ќе го реализирам исто така. Тој е малку поразличен од ова, така да во наредниот период само работа и работа, истакнува Елена.

Елена неодамна препеа две хитовски песни од легендарната Благица Павловска кои ги донесе на еден мошне својствен и специфичен начин, преку видео снимка. Станува збор за добро понзатите хит рефрени “Каде после мене” и “Доктори сто да ме лечат”. Во периодов кој следува Елена најавува повторно новитет за кој како што вели поразличен од претходниот.

Please follow and like us:
Pin Share