Битолската група Оскар во периодов кој следува најавуваа снимање на нов проект , за кој веќе се отпочати со негова работа. При крај сме со изработката на новиот проект, а планираме да снимаме наши песни кои за почеток ќе бидат две, вели Јорде член на групата.
-Во преговори сме за две песни па да не откриваме многу детали околу тоа. И пред турнејата, групата колку што постои последниве години интензивно работи. Откако дојдовме од Австралија одморивме околу месец до два и сега веќе работиме еден нов проект. Ќе бидат снимани околу 50-тина македонски народни песни , преработки. Во периодов сакаме да снимаме еден проект акустично. Дел од членовите свират многу инструменти и тоа сакаме да го реализираме. Ние тоа го работиме по свадби по свирки, ама не е актуелизирано на екраните, истакнуваат од група Оскар.
Од Оскар најавуваат соработка и со неколку нови автори за нивни нови авторски песни, со цел да одберат нешто помодерно, впрочем она што е барано од страна на нивните настапи.