Анета Наковска во моментов подготвува љубовна балада, за која во месец мај ќе биде изработен и спот. Таа неодамна сними уште една песна со наслов Егејки мајки која ќе биде промовирана деновиве на ИН ТВ.

Поголемиот дел од времето во минатата година го користеше за одмор и прошетка, а периодов веќе започна да работи со засилено темпо на снимање нов материјал. Анета Наковска покрај песната Егејки мајки, која ја сними неодамна, подготува уште една нова песна за која најавува и снимање спот.
-Работам на нова песна која ќе ја снимам во месец мај, а и спот ќе снимам за неа. Се вика “Само оваа ноќ”, прекрасна љубовна балада. Така да, верувам дека тоа ќе биде нешто навистина хитовско. Така звучи, така сите ја доживеаа. Затоа ќе има и за неа прекрасен спот, сеуште не сме ги одлучиле локациите бидејќи ќе се работи во мај, така да лека полека.-истакна Анета при гостувањето во емисијата Промо на ИН ТВ.

Анета не го криеше и задоволството од долгогодишната успешна соработка со ИН Продукција.
-Затоа и велат добрата екипа, добриот тандем никогаш не се менува. Значи и понатаму продолжуваме заедно со заеднички сили, бидејќи сме навистина задоволни од сето тоа што го направивме со спотовите со ИН Продукција. Нешто што е добро сработено, добро е сработено и тоа е тоа.-додава пејачката.

Инаку, Анета минатата година оствари голема и успешна турнеја во Австралија, а пред нашинците настапуваше заедно со Охридската Група Чардак.
