“Бела Маре” постанува негова препознатлива песна

Please follow and like us:
Pin Share

Најпрепознатлив постана со видео записот за песнат “Бела Маре”.Mладиот гостиварчанец Славко Зафировски ја продолжува својата музичка работа, овојпат со нова песна за која најавува и снимање на видео запис.Славко, “Бела Маре” настапи на “Роса фест” во 2016та година, но по добивањето на видео запис , песната постана негова лична карта.  “Бела Маре” е барана секаде каде што ќе се појавам, на било каква веселба, вели Славко.

-Искрено, сум презадоволен и мило ми е што се пее и се слуша по радија, телевизии. На настапи, нема настап да не ми ја побараат. Навистина сум презадоволен од остварената соработка. Се надевам дека и втората песна ќе биде вака. Исто така ја пуштаат и на радија во дијаспората, истакнува Славко.

Во периодов, Славко се пофали дека работно е ангажиран скоро секој викенд со бројни настапи низ нашата земја. Имам доста побарувачки за мој настапи и баш ми е мило, заедно настапувам и со групата “Интермецо” , имаме ангажман преку цела година, вели Славко.

-Се надевам дека оваа година, би требало да заминеме за Австралија , па ќе видиме. Во преговори сме моментално , па здравје ако се договориме и ако биде како што треба се, ќе се оди. Но најпрвин, тука се свадбте кои треба да се одработат а потоа турнејата, вели Славко.

Како што додава Салвко, работниот ангажман поинтензивно започнува веднаш по Велигденските празници па се до крајот на месец октомври. Најповеќе со свои настапи Славко е застапен во Охридско-струшкиот регион.

Во продолжение видео записот за песната “Бела Маре” од Славко Зафироски

 

Please follow and like us:
Pin Share