“За тебе сине” нова песна од Славко Зафироски

Please follow and like us:
Pin Share

Младиот гостиварчанец Славко Зафироски со нова песна. “За тебе сине” е насловена песната која Славко неодамна ја промовираше во ИН продукција, а наскоро најави и снимање на видео запис за оваа песна. Оваа нова песна е посветена на мојот син, вели Славко.

-Песната се вика “За тебе сине”, фактички е за новороденче, така беше планот да направиме , но се поклопи да биде и автобиографска за мене. Сакам да ги поздравам авторите Драган Матески од “Фаворити” бенд Гостивар и Златко Миладиноски , музика и аранжман. Снимена е во Скопје кај Љупчо Павлоски Бубе. Се очекува оваа пролет да направиме и спот за оваа песна во соработка со ИН продукција,  истакнува Славко.

Славко од оваа наменска песна очекува пред се позитивна критика како и прифаќање на песната од страна на пубиката. Инаку во изминатиов период Славко постана најпрепознатлив по неговото првенче “Бела Маре”,          песна со која настапи на “Роса фест” пред две години.

-Искрено сум презадоволен и мило ми е што се пее и слуша по радија , по телевизии. На настапи ,нема настап да не ми ја побараат песната. Презадоволен сум, накратко кажано. Се надевам дека и вторава песна ќе биде вака. Исто така ја пуштаат на радија и во дијаспората , Татијана голем поздрав и до неа, вели Славко.

Како што додава Славко, ангажиран е скоро секој викенд а настапува заедно со групата “Интермецо”.

Please follow and like us:
Pin Share