
Песната “Тешко мина докторе” ја одбележа Австралиската турнеја на Дамјан Стојаноски. Тој при гостувањето во ИН Продукција ги пренесе имресиите од неговата прва турнеја. Вели дека е презадоволен и се надева дека им оставил добар впечаток на нашинците во оваа далечна земја. Тој откри и дека на неговите настапи се пеело исклучиво македонска музика.
Дамјан Стојаноски со голем број импресии од Австралиската турнеја. Со оглед на тоа што ова за него беше прва турнеја, Дамјан при неговото гостување во емисијата Промо истакна дека си поминал прекрасно, додавајќи дека е презадоволен од исполнетоста на концертите, како и од гостопримливоста на тамошните македонци.
-Публиката ме прифати убаво, сите концерти беа одлично посетени. Имаше и некои кои беа тотално распродадени. Песните македонски на секој македонец би го чепнале каде и да е, а не пак да е толку далеку и се надевам дека оставив добар впечаток.-вели Дамјан.
Тешко мина докторе дефинитивно е песната која ја одбележа турнејата за него, но доста барани биле и “Клетва”, “Мојот народ”, “Пукна пушка”. Како што вели тој на сите негови настапи исклучиво се пеела македонската песна.
-Вкупно имав 5 настапи, сите во Мелбурн. Првиот настап беше неколку дена откако пристигнав, на македонскиот фестивал за храна. Потоа имавме еден концерт во соработка со друштвото Тоше Проески од Мелбурн. Веднаш другиот ден имавме настап во соработка со друштвото Никола Карев. Потоа беше и Дочекот за Нова година во “Sheldon Reception”, воедно сопственичката Лидија беше и главниот виновник за сето ова. Таа ме покани и беше нејзина иницијатива. И уште еден настап имав во “Sheldon” за православниот Божик.-додаде младиот пејач.
Дамјан на концертите во Австралија беше придружуван од “Соната бенд” Мелбурн и Влатко Велјаноски на гајда.