
Дали го погледнавте и дали ви се допадна видео записот за “Алтано оро” од младиот саксофонист Даниел Божиноски?!
Младиот и талентиран музичар кој свири на саксофон, Даниел Божиноски го промовира неговиот прв видео запис за “Алтано оро”. Видеото се снимаше во стариот дел на Охрид, кај Горна Порта и црквата Света Богородица Перивлепта, во соработка со ИН Продукција. Орото е негово авторско дело, а за аранжманот се погрижи Златко Миладиноски.
Во продолжение погледнете го видео записот !