
Групата “Тандеми” неодамна сними нов видео запис за нивната најнова песна која е насловена како “Гурбет”, а преходно снимија краток видео проект на препеани македонски песни во сроабтока со ИН продукција.
Горан Станишев, вокалот од оваа група со став дека се против препејувањето на веќе постоечките песни бидејќи секоја отпеана песна е лична карта за самиот пејач. Горан во еден изминат период бележеше обид за водителска криера но со сплет на околностите сепак тој повторно се врати во музичките води.
-Најголем виновник за тоа е Ване, бидејќи ние еден добар период свиревме во Охрид па тој ми се јави и ми рече дека му треба водител и јас се нафатив. Потоа дојде “Red line”, незнам како се снајдов тогаш, гледачите може најдобр да го оценат тоа. Убаво беше, но да бидиш водител , музичар и за да тераш една емисија треба да имаш премногу спонзори. Сепак јас патував од Скопје, тука е гардероба, трошење гориво значи тоа треба некој да го покрие и затоа беа снимени три емисии и се прекинаа. Инаку убаво е и од таа страна кај вас, вели Горан.
Сепак и покрај водителските води, Горан денес е повторно во музичките, како голем поборник на снимање ново компонирани песни. Го подржува снимањето на кавер песни од пејачи кои се покојни , со цел да остане песната и понатака, но сепак се држи до ставот треба да се снимаат свои песни. “Тандеми” како бенд постојат 18 години а позади себе имаат материјал за издавање на нивно второ ЦД. Инаку на нивниот репертоар има песни од повеќе музички правци, народни, забавни, благ турбо-фолк.
