Татијана Стефановска : Еден пејач, најпрво треба да има добар глас, а потоа изглед !

Please follow and like us:
Pin Share

Пејачот, најпрво треба да има добар глас, а потоа изглед. Ова го истакна пејачката Татијана Стефановска при нејзиното гостување во емисијата “Промо”. Таа вели дека сите млади луѓе и сите нејзини колеги се убави, но за да се опстане на естрадата, еден пејач најпрво треба да има добри гласовни способности.

Фолкерката Татијана Стефановска веќе долги години опстојува на македонската естрада. Според неа, еден добар пејач најпрво треба да поседува квалитетен глас, а потоа да има и добар изглед.

-За еден пакет, посебно зборувам за пејачките, бидејќи сме помалкубројни, се броиме веќе на прсти, морам да кажам дека пред се треба глас, а потоа изглед. Тоа е еден пакет, а нема многу такви.-истакна Стефановска.

Таа вели дека има голем број пејачи на естрадата кои снимаат песни во студио и тоа им звучи добро, но кога дел од нив ќе запеат на жива свирка, јавноста одма препознава кој знае да пее, а кој не.

-Многу битно е колку си реален. Има голем број колеги, колешки коишто мислат дека ако од дома им речат …Супер си, оди сними !и после тоа не испаѓа така во очите на останатите слушатели и гледачи. Сите сме млади, има и многу помлади колешки од мене коишто изгледаат убаво, а и кој млад човек не изгледа убаво, меѓутоа ќе сними спот и песна во студио, но кога ќе те викнат веќе на некоја жива свирка, тогаш се гледа реалноста. Еднаш, двапати, трипати, веќе се знае кој добро пее, а кој не. За убави сите се убави.-додава фолкерката.

Татијана важи за еден од подобрите вокали на нашата естрада, а тоа го докажува и фактот што е доста барана на настапи од скоро сите бендови од земјава, но и надвор од неа.

 

Please follow and like us:
Pin Share