Цеца се почасти со автомобил од 140 000 евра !

Please follow and like us:
Pin Share

Цеца Ражнатовиќ на саемот за автомобили во Белград, се почасти со скап автомобил, вреден 140 000 евра. Фолк – ѕвездата на саемот се дружела со своите пријатели Оливер Мандиќ, Ацо Пејовиќ, како и Саша Поповиќ.

По операцијата за намалување на градите и медиската илегала, Цеца Ражнатовиќ се појави на Семот за автомобили со цел да промовира еден бренд на автомобил.

Со јако црвен кармин и очила за сонце, Цеца им позираше на папараците пред бесниот џип.Таа не беше расположена за изјави па во ВИП салонот пиеше пијалок со Саша Поповиќ, Оливер Мандиќ и Ацо Пејовиќ.

Цеца имала и тоа каква голема причина за славење. Таа го купила најновиот модел на автомобили од марката „Ренџ Ровер“, а се пошегувала и за тоа дека таа била единствената која тука плаќала.

За новата играчка, Цеца искеширала 140.000 евра.

Please follow and like us:
Pin Share