Фестивалски настап најавува Павле Кајмакоски

Please follow and like us:
Pin Share

Фестивалски настап најавува Павле Кајмакоски. По две години пауза, тој ќе настапи на годинешното издание на “Гоце Фест”.

Откако направи кратка пауза од музичката сцена и фестивалите, Павле Кајмакоски највува нов фестивалски настап. Тој вели дека подготвува песна со која што би сакал да настапи на годинешното издание на “Гоце Фест”.

-Веќе две години бев отсутен од фестивалите, но овојпат планирам да настапам на “Гоце Фест” повторно оваа година се разбира ако дозволат да земам учество. Се надевам дека ќе биде успешно.-истакна Кајмакоски, во интервјуто за ИН ТВ.

Кога станува збор за настапите во Виена каде што тој живее и работи долги години, неговите ангажмани се во голем број, најчесто на приватни забави, додавајќи дека во есенскиот и зимскиот период таму имаат доста работа. Тој открива дека во моментов има и некои преговори за настап во Германија.

-Во есенскиот период секогаш имаме доста работа, заклучно со зимскиот. Летото секогаш го поминуваме тука во Македонија бидејќи тука се случува се, како за одмори така и за свадби, крштевки. Инаку, во преговори сум за Германија. Не знам точно кога ќе биди тоа, но во преговори сум за Германија да бидам дали за Дочекот на Нова Година или после тоа за Божиќ, не сум сигурен кога точно, ама едно од тие две ќе биде.-додава тој, за естрадниот магазин Естрада плус.

Покрај бројните ангажмани, Павле одвои време и за снимање на нов материјал. Во текот на изминативе денови промовираше две нови песни, “Покрај тебе да остариме” и “Александар цар Македонски”.

Please follow and like us:
Pin Share